Средба Мицкоски – Таравари: Разговорите за коалицијата продолжуваат

од Марта Пешевска
52 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари одржаа средба која, според соопштението од Владата, поминала во конструктивен и отворен дух. Иако не е донесена конечна одлука за иднината на Алијанса за Албанците во Владината коалиција, разговорите ќе продолжат во текот на месецот.

На средбата, Мицкоски ги повторил ставовите што претходно јавно ги изнесе – дека за Таравари постојат само две опции: да остане дел од актуелната влада или да се приклони кон, како што кажа, оние политички структури кои со години ја криминализирале државата. „Трета опција нема“, рекол премиерот.

Се очекува дополнителни консултации во рамки на партијата на Таравари пред да се донесе финалната одлука.