Средба Мизрахи-Села, се разговарало и за Законот за употреба на јазиците

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, со кој разговарале за унапредување на соработката меѓу министерството и Агенцијата во насока на подобра комуникација и информирање на граѓаните, како и во имплементирање на обврските согласно Законот за употреба на јазици кој е донесен на 14 јануари 2019 година, информираат од Министерството.

Директорот на Агенцијата и дал целосна поддршка на министерката во делот на предизвиците со кои се соочува како министерка и изразил подготвеност да даде поддршка во областа во која Агенцијата е надлежна.

-Оваа средба само ја потврди мојата заложба како министерка да соработувам со сите институции во насока да им овозможиме на граѓаните остварување на своите права. Министерството ќе продолжи континуирано и во иднина да ги почитува обврските и со директорот Села да имаме редовна комуникација и средби, Рашела Мизрахи.

Села, потенцирајќи дека средбата поминала во одлична атмосфера, вели дека со министерката се договориле Министерството во континуитет да го имплементира Законот за употреба на јазици и оти тој во име на Агенцијата ќе даде целосна поддршка и помош во комуникацијата со јавноста и тој процес.

Слични содржини