Средба на Ахмети-Бејли: ДУИ и меѓународните сојузници имаат заеднички цели за демократско општество

од desk3
84 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли.

 ahmeti-bejli
Како што соопшти денеска ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале околу политичката ситуација, изборите на 11 декември, реформите, владеењето на правото, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.
Ахмети ги презентирал ставовите на ДУИ за политичката ситуација нагласувајќи дека веродостојни и сеопфатни избори се почеток на решавање на кризата и оти ДУИ е подготвена за избори.
– Владеењето на правото и системските реформи се составен дел од програмата на ДУИ и се столб на нашата понуда заедно со евро-атлантската интеграција, добрососедство, меѓуетничките односи и економскиот развој. ДУИ и меѓународните сојузници имаат заеднички цели за демократско општество и затоа нема да престанеме со нашите напори за да ги постигнеме, бидејќи граѓаните го очекуваат тоа од нас, стои во соопштението од ДУИ.