Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера имал средба со албанскиот премиер Еди Рама кој е гостин во земјава како дел од самитот Западен Балкан-ЕУ. Според објавеното видео, Ахмети и Рама срдчено се поздравиле со „да пукне“.
Претседателот на ДУИ објави дека имал „братска средба во Скопје со премиерот на Република Албанија“.
-Во време кога Албанија е на неповратен пат кон членството во Европската Унија, повторивме дека и Северна Македонија треба да биде дел од овој пат. Европската иднина на регионот е заедничка, во овој процес нема поделба, објави Ахмети и наведе дека разговарале со Рама за „сериозни закани за Охридскиот договор, меѓуетничките односи во земјата и важноста од зајакнување на државната врска меѓу РС Македонија и Република Албанија“.
-Ова беше искрена средба, со политичка и братска длабочина, врз основа на еднаквост и европската перспектива. Му благодарам на премиерот Рама за континуираната поддршка на еднаквоста и европскиот пат на Северна Македонија, стои во објавата на Ахмети.
Видеото од средбата можете да го видите на следниот ЛИНК.