Средба на Филипче со директорите на ковид-центрите: Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега

од Nikola Popovski
154 прегледи

По денешната координација на министерот Венко Филипче со директорите на ковид-центрите во Скопје, било констатирано дека здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега и дека состојбата во болниците е алармантна.

„Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми. Услугите течат непречено за оние кои им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба, Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни овој период, а посебно младите да не се групираат кои значително повеќе се заразуваат во овој бран“, соопштија од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти.

„Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува. Министерот за здравство, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, прават сè што е во нивна моќ за пациентите да добијат најдобра можна нега“, стои понатаму во соопштението.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.

Слични содржини