Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ

од Radmila Tasevska

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ на која и завршува мандатот во земјава.

-На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Петровиќ за  поддршка и  соработката на нашите две пријателски земји како и на нашите две Министерството за внатрешни работи  и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор, соопшти попладнево МВР.

Во оваа прилика министерот Спасовски и врачил пригоден подарок  на амбасадорката Петровиќ во знак на благодарност за успешната соработка.

Слични содржини