Средба на министрите за надворешни работи на БиХ и Унгарија

од Radmila Tasevska

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, денеска побара од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто да лобира кај политичарите од Република Српска за ставање крај на политичката криза во Босна и Херцеговина.

– Разбирањето на сите политичари во Босна и Херцеговина е многу важно и го замолив Сијарто да ги искористи добрите врски со политичарите во РС и да лобира да се вратиме на позициите кои значат политичка стабилност и од кои можеме да создадеме некои нови економски можности, изјави Конаковиќ по средбата со Сијарто во Унгарија.

Како што пренесе Бета, Конаковиќ побарал од унгарскиот министер за надворешни работи „да им објасни на политичарите во РС какви придобивки носи приказната за ЕУ“.

Слични содржини