Средба на премиерот Спасовски со градоначалникот на Пустец, Јани Колевски

од Aleksandar Petrovski
137 прегледи

Премиерот Оливер Спасовски имаше средба со градоначалникот на Пустец, Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции – партијата на Македонците во Албанија.

– Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, која продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна влада, соопшти владината прес-служба.

На состанокот е разговарано за можноста за реализација на инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.

– Ја имате поддршката од Владата, за поддршка на принципиелно ниво со цел унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија, рече премиерот Спасовски.

На средбата, како што стои во соопштението, е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму.

– Особено што првпат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија, наведува прес-службата на Владата.

Слични содржини