Средба на Тошковски со Македонци кои живеат во Албанија

од Nikola Popovski
21 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека престојот во Тирана го искористил и за срдечна средба во просториите на Македонската амбасада со дел од Македонците кои живеат во Албанија.

-Имав можност непосредно да се запознам со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени. Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет.

Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето на блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората, стои во објавата на првиот полицаец на државата.

Слични содржини