Средба на Тошковски со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Во рамките на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Илија Господинов и претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, соопшти МВР.

На средбата министерот Тошковски бил запознаен за нивната структура и тековните активности, како и за важноста на нивната индустрија која има сериозен удел во македонската економија.

Имајќи го предвид фактот што се работи за индустрија која главно е извозно ориентирана и заради нивно непречено функционирање на средбата Тошковски посочил дека како министерство ќе им се излезе во пресрет на нивните членови во делот на проблемите со промена на патните исправи.

На крајот било заклучено дека во иднина треба „сите заеднички да инвестираме во дигитализација на македонското општество со цел граѓаните да можат непречено да ги добиваат услугите од државните институции во најбрз можен рок“.

Слични содржини