Средба Османи-Дендиас во Њујорк: Со Грција изградивме стратешки однос

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на маргините на 77-то генерално собрание на ОН се сретнал со неговиот колега од Грција, Никос Дендиас.

Четири години по потпишувањето на договорот од Преспа, со Грција успеавме да изградиме стратешки однос, со предвидлива динамика и развој, кое може да се огледа како во нашиот континуиран политички дијалог, така и во поглед на нашата економска соработка и зголемената трговска размена, е само дел од заклучоците на средбата меѓу двајцата министри.

Османи наведе дека се заблагодарил за силната поддршка за заокружување на стратешки цели, членството во клучните западни механизми на политичка, економска и безбедносна интеграција, но и поддршката за европската перспектива на останатите држави од Западен Балкан.

Слични содржини