Средба Павлески – Смирлис: Подобрување на регионалната соработка клучно за нови инвестиции и трговска размена

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Во рамки на Skopje Economic Forum, директорот на Агенцијата, г-дин Дејан Павлески оствари средба со г-дин Јоанис Смирлис, Генерален секретар за меѓународни економски односи од МНР Грција.

На средбата беа разгледани можностите за заеднички проекти и прашања за јакнење на регионалната соработка поврзани со заеднички инвестиции и трговска размена. Тие се согласија за превземање на активности меѓу Invest North Macedonia и ENTERPRISE GREECE кои ќе треба да следат во наредниот период како резултат на потпишаниот Меморандум за разбирање на инвестициската и трговската соработка меѓу двете Агенции.

Меморандумот за разбирање на инвестициската и трговската соработка е потпишан на ниво на министри за надворешни работи на Северна Македонија и Република Грција во јануари 2021 година.

Слични содржини