Средба Тренчевска-Исмаили во Брисел: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска започна билатералниот скрининг состанок за поглавје 3.19 Вработување и социјална политика оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Европската унија, Зулфи Исмаили.

На средбата се разговараше за поглавјето 19 и за тоа дека европската интеграција е најдобрата формула за понатамошниот развој на Северна Македонија. Соговорниците разговараа и за напорите кои државата изминатите години ги прави со цел усогласување на домашното со европското законодавство.

„Нашите политики и иницијативи се фокусираат на креирање повеќе работни места и отворање можности. Тие промовираат солидарност меѓу генерациите и се засноваат на социјален дијалог со социјалните партнери, во насока на заштита на правата на работниците, зголемување на конкурентноста на економијата, вклучително и социјалната економија,” истакна Тренчевска.

Соговорниците изразија уверување дека преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани.

Слични содржини