284
Во Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи средба во врска со постапување согласно заклучокот на Владата на Владата на Република Северна Македонија за емитување на воспитно образовна програма наменета за деца во предучилишна возраст и ученици од основно образование во периодот додека детските градинки и училиштата се привремено затворени.
На средбата ќе присуствуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми со заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, претставници на неколку други образовни институции и на УНИЦЕФ, претставници на МРТ, претставници на граѓански здруженија и организации.