Средба Заев- Хојт Ји: Насилното поништување на техничката влада ја усложнува длабоката криза

од desk3
114 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Хојт Брајан Ји, заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент.

На средбата се зборуваше за актуелната политичка сосојба во земјава и продлабочувањето на кризата со одлуката за аболиција од страна на Горге Иванов.

Zaev_Ji

Претседателот Заев го запозна високиот американски претставник со принципиелните, цврсти ставови на СДСМ за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

„Се што рековме се покажа дека е вистината. Очигледно денеска Собранието ќе ја промени одлуката и изборите ќе се одложат. Тоа што беше неможно одеднаш стана возможно. Но, едностраните одлуки, насилното поништување на техничката влада ја усложнуваат длабоката криза и ја загрозуваат иднината на државата. Нема да дозволиме некој да ја држи Македонија во заложништво“ рече претседателот Заев.

Zaev_Ji 2

За СДСМ, додаде Заев, решенијата може да се бараат во рамки на принципите договорени во Пржино како владеењето на правото, одговорноста и создавањето на сите неопходни услови за слободни, фер и кредибилни избори. Во спротивно, револтот на граѓаните може да ескалира.

„Поништување на одлуката на Иванов за аболиција мора да се случи што поскоро. Основно демократско начело е дека сите граѓани се еднакви пред законите и тоа мора да се обезбеди. Владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни, фер и кредибилни избори се клучни процеси за враќање на правдата, слободата и демократијата во Република Македонија. Само така Македонија може да зачекори во сигурна и подобра иднина за сите граѓани“ рече претседателот Заев.

Слични содржини