Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од партиска делегација на СДСМ денеска се сретна со германскиот пратеник и член на на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ.

Актуелната политичка ситуација во Македонија и излезните решенија од политичката криза беа во фокус на разговорот.

Zaev Juratovik

На средбата е констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со демократските вредности, што се одразува штетно врз животот на граѓаните.

-Стабилноста на Македонија зависи од полн легитимитет на новата Влада што граѓаните мора да ја изберат на регуларни и демократски избори, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Денеска масовен протест: Режимот планира да го укине СЈО, граѓаните доаѓаат по правдата

Тој објасни дека СДСМ е цврсто посветена на изнаоѓање решенија за двата клучни услова за регуларни избори, доверлив Избирачки список и обезбедување објективно известување на медиумите.

Zaev Juratovik 2

-Македонија повеќе изборни циклуси наназад е заложник на криминални избори што ги спроведувала актуелната власт. Уште едни такви избори нема да има. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да излезат на фер избори, тие бегаат од фер избори, се плашат од фер избори и затоа свесно го одолговлекуваат процесот на изнаоѓање решенија за кризата, рече претседателот Заев.

На средбата беше истакнато дека врвот на власта и нејзините соработници во страв од правдата се обидуваат и да ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство, за што користат недозволиви притисоци врз судството и Уставниот суд.

-Затоа демократската јавност е на улиците преку мирните протести што СДСМ ги поддржува и од тие протести ја испраќаме пораката дека власта се враќа во рацете на граѓаните, а секој кој се огрешил пред законите и Уставот мора да ја понесе својата одговорност.

Состакокот во голем дел беше посветен и на Програмата на СДСМ, на мерките што ќе придонесат кон кревање на животниот стандард на граѓаните преку враќање на парите кон граѓаните и реални и стабилни економско-социјални политки.

Слични содржини