Средбата меѓу Вучиќ и Курти в недела или понеделник во Брисел

од Destan Jonuzi
1,3K прегледи

Поканата на Европската унија за српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти да дојдат во Брисел на средба на високо ниво за да се најде решение за најсериозната ситуација од 2013 година, стигна до кабинетот на Вучиќ од каде е потврдено дека поканата е пристигната, но дека не се знае кога ќе се одржи средбата и дали претседателот ќе присуствува.

-Средбата меѓу српскиот претседател Алексанадр Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се одржи во недела на 20 ноември или најдоцна во понеделник на 21 ноември, соопшти Радио Слободна Европа (РСЕ) од сигурни извори во Брисел.

Точниот датум ќе зависи од потврдата на лидерите, односно според европски извори од логистиката и достапноста на страните. Ако средбата се одржи во недела, таа ќе биде попладне, а ако се помести за понеделник, тогаш лидерите би се сретнале наутро.

Српскиот претседател индиректно потврди дека ќе присуствува на средбата, преку твит од посетата во Атина со грчкиот премиер Константин Мицотакис каде е на работна вечера.

-Да бидам малку личен, секако посетата на Атина ми е подрага, отколку онаа што доаѓа по неа…, напиша Вучиќ, алудирајќи на средбата во Брисел со косовскиот премиер Албин Курти.

Вучиќ и Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, изјави денес портпаролот на ЕУ Петер Стано.

-Она што е ново е што ги поканивме и двајцата во Брисел за да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што кажав, ги поканивме во Брисел да разговараме за пронаоѓање на излез. Се надеваме дека ќе можат многу брзо да дојдат, за да можеме да го решиме прашањето, пред 21 ноември , а не потоа, како што кажа високиот претставник на ЕУ (Жозеп Борел), рече Стано.

Средбата на двајцата лидери ќе се одржи пред 21 ноември (понеделник) кога е почетокот на примената на одлуката на косовските власти за казни за сопствениците на возила со српска регистрација.

Слични содржини