На социјалните мрежи се појави видео од пукање во Чачак, Србија, во кое е ранет М.Ш. (27), а напаѓачот побегнал во непознат правец.
Пукањето се случило во кафулето „Лапијаф“ во Чачак, а според информациите на порталот Нова.рс, тој се здобил со три прострелни рани.
На видеото се гледаат и двајца мажи кои седат во градината и реагираат едвај кога младиот човек ќе почне да бега.
Повредениот се здобил со неколку прострелни рани на двете нозе и бил згрижен во Општата болница во Чачак.
Погледнете го видеото: