Средните училишта во Скопје ќе вршат упис на ученици по азбучен ред

од Берта Китинска
381 прегледи

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и тоа почнува со првото пријавување кое ќе се реализира секој ден од 16 до 18 јуни во периодот од 7до 19 часот и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни, соопшти Град Скопје.

Средните училишта на Град Скопје, како што се посочува, го организираат пријавувањето и запишувањето на ученици согласно Kонкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето ученици во прва година во учебната 2020/2021 година. Со оглед на пандемијата со Ковид – 19 и потребата од воспоставување безбеден начин вршење упис, средните училишта на град Скопје ќе вршат упис на ученици по азбучен ред, однапред распределени по временски термини. Утврдените временски термини се поставени на нивните веб страници од каде точно може да се добијат информации за во колку дена и кои термини ќе се одвива уписот, информираат од Град Скопје.

Од учениците, како што се наведува, се очекува да имаат претходно пополнета пријава која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.

Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател. Користењето заштитна опрема како маски и ракавици, оддржувањето два метра физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител, нагласуваат од Град Скопје.

Слични содржини