Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе ја започнат годината со онлајн настава, вели Филипче

од Берта Китинска
159 прегледи

Донесена е одлука средните училишта во Гостивар и Тетово да ја започнат учебната година со онлајн настава, а учениците од основното образование да одат со физичко присуство кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Со консензус се донесе препораката за средните училишта во полошкиот регион, Тетово и Гостивар учебната година од 1-ви септември да ја започнат онлајн и тоа да биде во првите две недели, а понатаму согласно тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројот на новодијагностицирани лица“, кажа  Филипче.

Слични содржини