Средношколците и за 1 мај пред МОН

од desk3
136 прегледи

Средношколците и за денешниот празничен ден престојуваат во паркот на новинарите пред МОН. Посочуваат дека не се откажуваат од барањата за подобро и поквалитетно образование и дека остануваат и понатаму со шаторите пред зградата на министерството.

11156808_747287958722424_1809758794_n
Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, како организации кои со свои претставници вчера беа присутни на средбата помеѓу средношколците и надлежните во Министерството за образование, на кој не беше постигнат договор, реагираат на несоодветниот начин на кој биле третирани претставниците на Средношколскиот пленум од страна на високите државни функционери.