И покрај оптимизом на пленумци, сепак нема договор и по третата средба меѓу Средношколскиот пленум и МОН. Минстерот на Владата на Груевски на маса го ставил предлогот уште годинава да се полага матура по стариот концепт, а да се формираат работни групи што ќе го работат новиот концепт за следната генерација матуранти, а не им е прифатено ниту барањето за ставање во мирување на екстерното тестирање , соопштија од Средношколски пленум по средбата.
Средношколците потсетуваат дека нивните барања се пообемни и не се состојат само во матурата. Во очекување на повторна средба денеска или утре тие порачуваат дека барањето е екстерното тестирање да се воведе како што е во Република Словенија, потоа да биде анонимно и да се спроведува со цел да се најдат грешките во образованието, а не да се испитува знаењето на средношколците, и ред други поинаку конципирани решенија.
Преговорите сигурно ќе продолжат, а средношколците бараат на следната средба во МОН да присуствуваат и претставници од кабинетот на Народен правобранител, Хелсиншкиот комитет, Меѓаши, МОСТ. Во меѓувреме останува кампот пред МОН и продолжува бојкот на наставата.
Околу 70 средношколци синоќа и покрај дождот кој врнеше цела вечер, останаа да преспијат во импровизираниот камп. Како што велат од Пленумот, наставата во моментов ја бојкотираат околу 18.000 ученици.
фото Радио МОФ
