ЈСП Скопје ги информира средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.
„Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“. соопштија од ЈСП Скопје.
Учебната година заврши за средношколците, додека основците ќе имаат настава до 17 јуни.