Средношколците повторно бараат средба со министерот

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Средношколците од најголемите средни скопски училишта кои две недели спијат под отворено небо спроти МОН ги повикаа министерот за образование Адеми, и заменик министерот Ристовски, во понеделник во 13 часот на уште една средба за реформите во образованието.

srednoskolciKol1-685x320

Во меѓувреме, средношколците ги повикаа родителите, наставниците и сите граѓани во што помасовен број да дојдат на протестот во 17 часот, пред МОН, што се организира и денеска.

Во понеделник истекуваат 25-те дена законска можност за континуирано отсуство од училиштата. Средношколците го ресетираат бојкотот, односно се враќаат само еден ден на настава, по што бојкотот и кампувањето продолжуваат.

повеќе тука