327
Средношколец донел албанско знаме и го истакнал во дворот од своето училиште, информираат од Велешката полиција.
Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.
-Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најавуваат од Велешката полиција.