Средношколец ги исчистил улиците на Бафало по протест, сограѓанин во знак на благодарност му подарил кола

од Aleksandar Petrovski
295 прегледи

Кога осумнаесетгодишниот Антонио Гвин видел колкава е штетата предизвикана по протестот во родниот Бафало, земал метла и самиот почнал да ги чисти улиците, по што еден од неговите сограѓани му подарил автомобил како знак на благодарност.

Тој започнал да го отстранува отпадот два часа по полноќ во понеделникот и не запрел во следните 10 часа, пишува Си-Ен-Ен. Кога група соседи излегле на улиците подоцна наутро со намера да ги исчистат со здружени сили, се покажало дека младиот Гвин веќе ја завршил најголемиот дел од работата.

Вредниот средношколец изјави за Си-Ен-Ен дека во локалните вести слушнал дека авенијата Бејли е полна со стакла и ѓубре, а знаел дека многу жители на тој град ќе мора да одат на работа наутро на таа улица.

Штом се раширила приказната дека осумнаесетгодишниот Гвин ја започнал акцијата за чистење самостојно, локалната заедница се ангажирала. Неговиот сограѓанин Мет Блок (27) во вестите видел прилог за Гвин и решил на вреден средношколец да му го подари својот црвен Мустанг кабриолет од 2004 година.

На Фејсбук видел дека Гвин бара совет за купување возило, и затоа решил да му го подари својот спортски автомобил, за кој рекол дека го користи само повремено.

Сепак, се покажа дека неговиот подарок е повеќе симболичен отколку што првично се мислеше. Имено, мајката на Гвин, која починала во 2018 година, исто така возела црвен Мустанг. Кога сфатил каква е случајноста, Гвин останал без зборови.

Локалниот претприемач Боб Бриселанд слушнал за подарокот на Блок и одлучил да ја продолжи полисата за осигурување на автомобилот за една година бесплатно.

„Чувствував потреба да помогнам. Сè што треба да направиме е да се обединиме и да покажеме дека тука живеат многу добри луѓе“, рече Брисленд.

Но, тоа не е крај на приказната. По средното училиште, Гвин планирал да заштеди пари со запишување на колеџ.

Кога сторијата ја слушнаа официјални лица од колеџот Медај во Бафало, тие му понудија целосна стипендија да студира економија уште наесен.

Гвин е благодарен за сè што направи локалната заедница за него, и на крајот само скромно рече: „Јас ценам сè што прават сите овие луѓе за мене“.

Слични содржини