Средношколец побара да оди на матурска вечер со баба му

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Администрацијата на училиште во државата Алабама не му дозволила на локален матурант да оди на матурска вечер со својата баба, пренесе Телевизискиот канал WTVM.

По традиција матурантите можат да поканат некој да ги придружува на свечената вечер и 18-годишниот Брус Мејн го искористил своето право да биде кавалер на неговата баба. Оваа одлука тој објаснил со фактот дека во времето кога била млада, немало слична свеченост и сакал така да ѝ приреди подарок.

На директорот на училиштето Стив Хокинкс очигледно не му се допаднала идејата и го советувал момчето да земе некој друг со себе, кој е на помала возраст. Тој се потпирал на Правилникот на институцијата во која е наведено дека да посетуваат слични настани можат само ученици и нивните блиски, кои не наполниле 20 години.

“Секоја година му го одбиваме барањето на некој ученик да дојде на матурска со постари свои пријатели”, изјавил Хокинкс и додал дека ова правило е создадено со цел да се обезбеди безбедноста на учениците.

На одлуката на директорот не влијаел дури ни фактот дека за прославата повозрасната жена веќе си направила балски фустан. Во одговор на одбивањето, ученикот создал во социјалните мрежи хаштаг #letnannygotoprom со повик да се го поддржат за баба му да присуствува на матурската вечер која ќе се одржи на 8-ми април.