Средношколец со отворено писмо до министерот Адеми: Се вклучивме на viber, edmodo…ставете се на наше место и погледнете со какво лудило се соочуваме

од Берта Китинска
319 прегледи

Отворено писмо од Дамјан Даскаловски до Министерот за образование, Арбр Адеми.

„Здраво, ја сум ученик од средно медицинското училиште во Скопје-четврта година. Бидејќи никој нема разбирање за нас решив јавно да се обратам до Министерството за образование и наука.

Во ситуација на пандемија, голем број заболени од нашата држава чија бројка секојдневно расте, а воедно и паниката кај народот која секојдневно сите не притиска и не сакајќи од наша страна сите сме затворени дома ( секако пред се за наше добро ). МОН дојде до заклучок по 1 недела пауза учебната година да продолжи нормално да се изведува во вид на ОНЛАЈН настава и од истата да бидеме оценувани. Најпрво немаше забуни кај никој од нас, бидејќи не сметавме дека ситуацијата ќе дојде до ова како што е сега. Почнавме да добиваме меилови од сите професори и истите бараа да се направат групи за нивниот предмет каде што ќе ја прикачуваат наставната содржина и ќе може да дискутираме. Се вклучивме на viber, edmodo, classroom, facebook, skype, не знаејќи веќе која група најпрвин да ја отвориме и која домашна, проект или сл. да го изработиме во предвидениот период( кој беше краток ). Кога на сите нас ни дојде премногу обраќајки се на професорите за разбирање ги добивме следниве реакции:

-а што ви е работа вас цел ден?
-ние сме спремале по 1000 страни за испит, вие се жалите на една тема;
-ние добиваме насоки од МОН и истите ви ги пренесуваме;
-и ние имаме дома деца и семејство, и посветуваме време на нив и знаеме како е;
-нема проблем не пишувајте домашни, ќе одите на полагање;
-и уште многу други коментари.

Притоа сите се трудиме и истите барања ( домашни работи, проекти ) беа навреме изработени и испратени до професорите како понатамошно образложение до министерството за нашата активност и постигнатиот успех.

Но тоа не беше се, викендов добивме и известување дека ќе мора сите ние да бидеме оценети преку тестови или пак директна комуникација(video call) со професорите за чии термини ќе бидеме дополнително известени навреме. ДЕНЕС ПОВЕЌЕТО ПРОФЕСОРИ ни се обратија велејќи -штотуку добивме известување од МОН, сите мораме да ве оцениме најдоцна до петок. ИАКО ЗА ПРЕДАДЕН МАТЕРИЈАЛ НЕ СЕ СМЕТА МАТЕРИЈАЛ КОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ САМО ИСПРАТЕН ДО УЧЕНИЦИТЕ БЕЗ ПОНАТАМОШНО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА НЕГО, пишува Даскаловски.

● ДО СИТЕ УЧЕНИЦИЗдраво, ја сум ученик од средно медицинското училиште во Скопје-четврта година. Бидејќи никој нема…

Публикувахте от Damjan Daskalovski в Вторник, 7 април 2020 г.

Слични содржини