Средношколски глас: Нема ниту услови, а не е ниту соодветно да се одржи државната матура

од Nikola Popovski
298 прегледи

Средношколски глас објави дека е строго против тоа да се полага матура поради општата ситуација во Република Македонија.

„Минатата година кога дневно имаше само по 10 заразени се одложи, но сега со бројка од 50 илјади заразени граѓани МОН заклучува дека државната матура треба да се одржи. Учениците и професорите имаат доволно стресови со сегашниот начин на учење и ситуацијата, а МОН со ваквата лоша одлука придонесува до зголемување на стресот. Нема ниту услови, а не е ниту соодветно да се одржи државната матура“, велат од Средношколски глас.

Министерката за образование и наука Мила Царовска минатата недела обелодени дека државната матурата за средношколците ќе се реализира во текот на наредната година и тоа во законски утврдените рокови, како и во другите држави од регионот и Европа.

 

Слични содржини