Како што најави Средношколскиот пленум денеска во повеќе училишта го започна бојкот на наставата.Учениците се во училиштата но не се на настава.
Како причина за тоа се наведува игнорантскиот однос на Министерството за образование кое, како што се наведува, веќе две недели ги одбива повиците за средба со претставници на пленумот за да се разговара за реформите во образованието. Од Средношколскиот пленум бараат враќање на стариот концепт за полагање државна матура, но и укинување на екстерното тестирање за учениците.
