Средношколски пленум:„Директорите ни се закануваат и не уценуваат“

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Средношколците се обратија со писмо до јавноста за да алармираат за заканите и уцените од дриректорите на одредени училишта кои се обидуваат да ги спречат да присуствуваат на утрешниот  средношколски марш. Писмото ви го пренесуваме во целост.

srednoskolci-sl

 

Почитувани,

Ве известуваме дека ние како ученици уште на почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори. Под тоа ги подразбираме заканите од нив во врска со нашето присуство на утрешниот средношколски марш. Цитираме “нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме”. Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори.

Ги потсетуваме директорите кои очигледно не го читаат Уставот на РМ кој вели: “Секој граѓанин има право на протест”, дека ние како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаме право, но имаме и обврска да се бориме против експериментите на министерот. Ги прашуваме директорите, дали Вам Ви се допаѓа кога на Вашите колеги им ја намалувате платата заради бесцелно тестирање базирано на 30 кликови? Ги прашуваме и дали е добро за репутацијата на училиштата кога оние ученици кои целата година ја поминуваат во труд, активност, и знаење на крајот да добиваат пониски оценки само заради нефункционалноста на компјутерскиот систем?

Одговорите од директорите веројатно ги добиваме кога ги добиваме и заканите. Тие се согласни продолжената рака на министерот и заменик министерот, бескрупулозно и непедагошки спречувајќи не да викнеме гласно СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ !

Со почит,
Средношколски Пленум,