Средношколците бесплатно во јавен превоз и за време на летниот распуст

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Сојузот на средношколци соопшти дека Советот на Град Скопје ја донесе измената на Програмата на Градот за средното образование која обезбедува дополнителни 50 милиони денари за оваа ставка од буџетот со цел средношколците да се здобијат со бесплатен јавен превоз и за време на летниот распуст за да им се овозможи феријална пракса без дополнителни трошоци.

За оваа точка на дневниот ред „ЗА” гласаа 35 советници, а немаше ниту „ПРОТИВ” ниту воздржани. Оттука Сојузот констатира дека советничките групи во Градот Скопје го послушале нивниот повик да ја поддржат оваа одлука и истата да биде донесена со политички консензус.

„Убаво е да се види обединување околу младинските интереси и благосостојбата на средношколците. Третото ветување на Сојузот полека станува реалност. Нашата работа со Клубот на млади пратеници продолжува. Усогласеното законско решение ќе обезбеди бесплатен превоз за секој средношколец во текот на наставната година, т.е. ќе ги вклучи тие од приватните училишта и тие коишто живеат на помалку од 2,5 километри. Исто така, ќе се обезбеди бесплатен превоз во текот на летниот распуст за тие кои посетуваат феријална пракса. Очекуваме предлогот на закон да биде внесен во собраниска процедура во септември“, додаваат од Сојузот.

Слични содржини