Среќен роденден iPhone!

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Во понеделник речиси задолжителниот атрибут од нашето секојдневие – iPhone ќе наполни 10 години од своето основање. На 9-ти јануари 2007 година основачот на Епл (Apple) за прв пат го претстави аjфонот како оружјето на иднината пред јавноста. Првата продажба на таков апарат беше малку подоцна, на 29-ти јуни истата година, кога цели толпи луѓе чекаат со часови пред продавниците на компанијата, за да се здобијат со новиот изум.

Тогаш светот на технологијата беше различен. Имаше неколку модели паметни телефони со мали екрани и хардверски тастатури, заклучени во мрежата на WAP.

Ако кажеме дека ајфонот промени сè, нема да претераме. Тоа е признание за едно од најдлабоките технолошки и културни настани на последната деценија.

Треба само да се погледне за уредите со кои сите ние сме во интеракција денес насекаде и без напор, за да дознаеме каква брилијантна работа е завршена од екипата на Стив Џобс.