Денес, 5 август се смета за “роденденот” на шампањoт. Легендата вели дека на овој ден во 1693 година бенедиктинскиот монах Пјер Перинјон ја “открива” тајната за производство на газирано вино.
И покрај присутниот мит сепак, Перинјон не е пронаоѓачот, туку само човекот кој многу придонесе за развојот и воведувањето на шампањот.
Еве неколку интересни факти за шампањот, избрани од foodpanda.
Шампанизирањето на виното се должи на секундарната ферментација. Тука се меша географијата и климата. Шампањ е меѓу најстудените региони во кои се произведува вино. На есен, кога грозјето е обрано, сомелено и оставено да се претвора во вино, ниските температури во овие географски ширини запираат многу рано процесот на ферментација, уште пред сиот гроздов шеќер да се претвори во алкохол.
На пролет, со првите потопли денови, поради присуството на уште неразграден шеќер, во виното започнува секундарна ферментација. При овој процес се ослободува јаглерод диоксид, кој го газира виното. Заслугата на Пјер Перинјон се состои во тоа што го забележува карактеристичниот за Шампањ феномен на секундарна ферментација, како и во изнаоѓање на адитивот кој гарантира целосно одвивање на овој процес до добивањето на карактеристичниот пенлив пијалок.
Најскапото шампањско во светот не е достапно дури и за голем дел од богаташите.
Шише од посебното пенливо Пијте Gout de Diamants, создадено од луксуз-дизајнерот Александар Амосу, чини 2,07 милиони долари. Шишето е рачно создадено и е украсено со огромен камен Сваровски во форма на дијамант со големина 19 карати. Пијалакот е создадено од три сорти грозје – Шардоне, Пино Ноар и Пино Мони.
На второ место меѓу најскапите пенливи пијалоци е Ace of Spades СMidasТ Brut. Францускиот шампањ е со златно шише и излегува 58 413 долари.
Третото место го зазема Louis Roederer Cristal СMedalionТ Orfevres Limited Edition Brut Millesime чие шише е позлатено и со посебен дизајн кој брани од пенетрација на светлина. Шампањското е направено од врста грозје Шардоне и Пино Ноар и чини 20 000 долари.