„Среќен Божиќ во август“: Снег во дел од Италија (ФОТО)

од Nikola Popovski
259 прегледи

Ненадејниот пад на температурите како и временските непогоди кои го зафатија регионот Венето донесоа снег на врвот Мармолада во Италија.

Планината вчера побеле на висина од 3.434 метри, а видеото од снегот во август на социјалните мрежи го објави сопственикот на планинарската куќа Карло Будел.

Минималната температура била минус шест степени, додека дневната не се искачила над четири степени. Во котлините температурата се намалила за повеќе од десет степени, а целиот регион бил зафатен од лошо време, невреме и обилни дождови.

Карло Будел на својот Инстаграм профил објавил слика од снешко со натпис: 4 август 2023 година, Среќен Божиќ, пренесува „РТС“.

Слични содржини