21
Новак Ѓоковиќ е поразен во второто коло на Индијан Велс. Тој беше поразен од Ботик ван де Зандшулп во три сета 6:2, 3:6, 6:1.
Новак Ѓоковиќ за прв пат по 2018 година беше поразен во првиот меч во Индијан Велс. Но, она што загрижува е што ова е втора година по ред како губи во Индијан Велс од „среќен губитник“.
За Ѓоковиќ проблемот е уште подлабок, кој третпат по ред е поразен. Претходно Матео Беретини и Александар Зверев го совладаа српскиот тенисер.