Медицинска сестра од градот Чикопи, Масачусетс, освои џекпот од 758,7 милиони долари во една од најпопуларните лотарии во САД Powerball.
Среќницата е 53-годишната Мејвис Вончик, мајка на две деца, која во текот на 32 години работи како медицинска сестра. Откако ги освои, одлучи да ја напушти работата.
“Се јавив (во болницата) и им реков дека нема да одам”, вели таа.
Вончик ја посочила добитната комбинација (6, 7, 16, 23, 26 плус 4), од кои дел се роденденски датуми на децата.
Победникот може да ги добива парите на рати во рок од 29 години, или одеднаш, но во таков случај износот ќе биде намален речиси двапати. Така Вончик ќе може веднаш да земе 480,5 милиони долари, а откако ќе плати даноци врз нив, износот ќе падне до 336 милиони долари.