203
Со Решение на Владата на Република Северна Македонија за именување вршител на должноста Директор на Државниот Инспекторат за животна средина бр.14-8832/1 од 4 август 2021 година, М-р Сретен Стојковски е новиот В.Д Директор на Државниот Инспекторат за животна средина. Објавата е поместена во “Сл.Весник на РСМ” бр.190/2021 од 11 август.
-М-р Стојковски е роден 1967 во Куманово вработен во МЖСПП, советник во Секторот за ЕУ, со овластување работи во Секторот за локална самоуправа и управно надзорни работи. (работно место во мирување)Тој е дипломиран Инженер Технолог, Магистер по технички науки од областа Инженерство на животната средина, Технолошко-Металуршки Факултет при УКИМ, Скопје, информираа од Државен инспекторат за животна средина.