Срѓан Ѓоковиќ многу емотивно проговори за ситуацијата во која се наоѓа неговиот син во Австралија.
„Тој е заробен. Новак е Србија и Србија е Новак, тие го газат Новак, па ја газат Србија и српскиот народ. Тој прв човек на Австралија, Скот Морисон, се осмели да го нападне Новак и да го избрка, без Новак воопшто да влезе во нивната земја. Сакаа да го клекнат на колена и не само него туку и нашата Србија. Ние сме горд, цивилизиран народ, секогаш сме се бранеле, никогаш не сме напаѓале. Тоа сега го прави нашиот Новак, гордоста и радоста на слободарскиот свет. Тој покажува од која земја доаѓа. Ова нема врска со спорт, ова е политичка борба. Ги исполни сите услови да влезе и да освои уште еден Австралија опен. И би го освоил ако му дозволат“, изјави таткото на светскиот рекет број 1 на прес-конференција.
Тој не застана тука во своето излегување пред јавноста.
„Исус беше распнат и му направија се, но тој е жив меѓу нас. И Новак сакаат да биде распнат и фрлен на колена. Го држат во затвор, му ги земаа работите, му оставија само мобилен телефон. Нема што да пресоблече, нема каде да се измие. Тој е во заробеништво од тие скотови“, револтирано изјави Срѓан Ѓоковиќ.