Српска листа денеска предупреди дека заканата што ја упати премиерот на Косово, Албин Курти, не треба да се сфати лесно и бара јасна осуда од меѓународните актери.
„Откако повторно побегна од преговорите и ја тресна вратата од дијалогот со високите претставници на Европската Унија среде Брисел, Албин Курти директно пред седиштето на ЕУ каде се одржува дијалогот, испрати гола и брутална закана за српскиот народ и Српската листа, велејќи дека во наредниот период ќе плати и пати“ и со тоа отворено го покажа вистинското лице на агресорот кој негува омраза кон се што е српско“, се нагласува во соопштението.
Како што е наведено, оваа закана не смее да се сфати лесно, бидејќи доаѓа од некој кој е на чело на косовските институции и кој во претходниот период демонстрираше намера да ја ескалира ситуацијата, да предизвикува конфликти, да создава тензии и да го загрозува мирот. на овие простори и без докази и основи да апси и прогонува Срби.