Српската амбасадорка физички нападната во Шпанија

од Nikola Popovski
95 прегледи

Министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, синоќа го осуди физичкиот напад во центарот на Мадрид врз српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац.

Во објава на „Х“, тој напиша дека ваквите акти на насилство се неприфатливи и на нив мора да се одговори одлучно и брзо.

„Најостро го осудувам подмолниот физички напад врз нашата амбасадорка Ирена Шарац во центарот на Мадрид. Повикуваме на истрага и насилникот да одговара за стореното“, истакнал Ѓуриќ.

Како што дознава српската новинска агенција „Танјуг“, вчера доцна попладнето во центарот на Мадрид, млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија на улицата каде што живее, при што ѝ нанел повреди на грбот. Од изјавите на присутните сведоци постои сомневања дека, според неговиот говор, се работи за лице од албанско потекло.

Според сведочењето на присутните, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, ѝ пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што ја удрил со нога во грбот и побегнал. Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот.

Нападот бил пријавен во полиција која пристигнала на местото на настанот и извршила увид. Амбасадорот Шарац е во добра состојба, изјавил извор за „Танјуг“.

Слични содржини