Српската народна партија побара затворање на границата со Македонија

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Српската народна партија предупреди вечерва дека меѓу мигрантите кои патуваат на балканската рута се наоѓа голем број терористи, припадници на Исламската држава и апелираше Владата на Србија да ја затвори границата со Македонија за нелегален и неконтролиран влез на мигрантите,а меѓу нив и потенцијалните терористи.

654717_nenad-popovic-predsednik-srpske-narodne-partije290615ras-foto-milos-cvetkovic-002_f

-„Информацијата која ја соопшти грчкиот министер за внатрешни работи Никос Тоскас, дека еден од учесниците на терористичкиот напад во Париз, кај кој е најден сириски пасош, влегол во Грција во октомври,е порака за сите оние во Србија кои многу лесно ги отфрлија предупредувањата на безбедносните служби од целиот свет, уверувајќи ги граѓаните на Србија дека меѓу мигрантите не се наоѓа ни еден терируст“, се наведува во соопштението на СНП.

За жал, требаше да се случи терористички напад во кој погинаа 129 луѓе, да почнеме тие предупредувања да ги сфаќаме озбилно, смета лидерот Ненад Поповиќ.