171
Припадници на српското МВР, Оддел за сузбивање на високотехнолошки криминал, во соработка со Специјалното обвинителство за ВТК при ВЈТ Белград, го приведоа А.П.(51) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедност.
Се сомнева дека А.П. преку социјална мрежа упатувал заканувачки пораки до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
На А.П му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.