Српската судијка која го превоспита Федерер, повторно е хит во Австралија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Маријана Веjовиќ е една од најголемите судиски sвезди, а поради околностите, уште пред Австралија опен привлече големо внимание во Мелбурн.

На Маријана ѝ е судено да биде во центарот на вниманието во Австралија. Овој пат, таа самата беше изненадена пред неколку дена, кога судеше на еден од подготвителните турнири за Австралија опен.

Тоа беше на мечот на Сорана Кирстеј против Ен Ли, Романката загуби на крајот со 6: 3, 6: 1.

За време на една од паузите, Сорана побарала од Маријана да го замолчи тренерот Карл Мејс.

„Можеш ли да му дадеш предупредување? Тој не престанува да зборува, а јас му реков да замолчи десет пати “, ѝ рече 30-годишната Романка на Маријана, која многу се изненади од тој потег.

За првпат во кариерата, играч ја замоли да го оддалечи сопствениот тренер, а таа мораше да ѝ објасни на Сорана дека тоа автоматски ќе значи предупредување за неа, а не за тренерот.

„Знам, но кажи му да замолчи. Не можам да му повторам повеќе од десет пати“, се лутеше Сорана, а таа ситуација беше потврда за тоа колку тенисерите беа на работ на нервите заради две недели поминати „под клуч“.

Слични содржини