Владата на Србија на денешната седница донесе Одлука за привремена забрана за извоз на природен гас, која ќе важи до 31 октомври годинава.
Владата ја донесе Одлуката со цел да обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да спречи евентуални штети врз стопанството и граѓаните.
Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар.
На средбата беа донесени и решенија за доделување парични награди во износ од по 30.000 евра во динари на селекторот и членовите на српската одбојкарска репрезентација за освоениот златен медал на Светското првенство.