Српски државјанин загинал на Пирин покрај бугарскиот турист Христов

од Nikola Popovski

Бугарската полиција и спасувачки екипи го идентификувале другото безживотно тело, покрај она на изгубениот искусен планинар Пламен Христов, кои беа најдени под врвот Вихрен, на планината Пирин во Бугарија.

Иако првично се претпоставуваше дека се работи за македонски граѓанин поради пронајдените македонски денари во неговиот џеб, сепак станува збор за српски државјанин кој ја дочекал Новата година во тамошен хотел и на 1-ви јануари отишол на планинарење.

Засега, освен дека станува збор за турист од Србија, нема информации за неговото име, ниту за возраста.

При прегледување на снимките од дронот што го прелетал периметарот на наводното исчезнување на Христов на 30-ти декември, биле пронајдени двете тела.

На местото под Вихрен од западната страна кон долината Влахина во моментов се упатила нова група спасувачи за да може со неа да се пренесе и второто тело. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Слични содржини