Српски фудбалер изврши самоубиство

од Vladimir Zorba
543 прегледи

Српскиот фудбалер Горан Обрадовиќ (34) изврши самоубиство.

– Почивај во мир – пишува во соопштението на неговиот поранешен клуб Арарат.

Причините и начинот на кој Горан Обрадовиќ си го одзеде животот се уште не се познати.

Инаку, Обрадовиќ минатата сезона играше за Тауншип РОлерс од Боцвана, а покрај Арарат, играше и за Ганџасар, Алашкерт и Мика во Ерменија.

Роден е во декември 1986 година, а за време на кариерата во Србија играше за Млади радник од Пожаревац и БСК Борча.

Слични содржини