Српски голман го менува Онана во Манчестер Јунајтед!?

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Скаутите на Манчестер Јунајтед го идентификуваа Вања Милинковиќ-Савиќ од италијанскиот клуб Торино како можна замена за актуелниот голман Андре Онана, според експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Се верува дека „Олд Трафорд“ размислува за трансфер пазарот, со планови сигурно да доведе барем еден нов голман.

Причината за ова се крајно неубедливите настапи на стартерот Онана и на неговиот заменик Алтај Бајандир.

Плановите на англискиот тим се да се разделат со еден од двајцата сегашни голмани и да доведат нов играч на таа позиција, кој ќе биде вистинска алтернатива за стартната позиција.

Милинковиќ-Савиќ е српски репрезентативец со 19 настапи за „сините“, а оваа сезона прими 37 гола на 34 натпревари во Серија А. Неговата моментална вредност е проценета на околу 12 милиони евра, што веројатно ќе биде од значење, бидејќи плановите на Манчестер Јунајтед во моментов не вклучуваат доведување на прескап голман.