Вакцината против Ковид-19 не може на било кој начин да им наштети на децата, рече српскиот имунолог Душан Попадиќ и рече дека нема причина за страв.
Во врска со извештаите на медиумите дека „поголем број“ случаи на миокардитис и перикардитис се појавиле кај деца по имунизацијата, Попадиќ посочи дека ова се случува многу пати почесто по прележан Ковид-19, особено кај момчиња помлади од 18 години, отколку по вакцинација.
Попадиќ тврди дека консултација со лекар пред да се прими третата доза од вакцината против ковид не е апсолутно неопходна и потсетува дека тој што е вакциниран е слободен сам да ја избере вакцината. Како што рече, одлуката за избор на вакцина може да се донесе врз основа на мислење на лекар или врз основа на „прочитани трудови или статии“.
-Примањето на третата доза од вакцината го „освежува“ имунитетот, па можно е да се прими „секоја наредна доза“ од вакцината, бидејќи тие се безбедни, смета Попадиќ.
Како што предвидува, четвртата доза ќе зависи од епидемиолошката состојба и препораките и искуствата на експерти од други земји.
Зборувајќи за луѓето на возраст од 20 до 30 години, кои кога ќе добијат симптоми, се лекуваат дома и одат на лекар само кога ќе се влоши нивната состојба, Попадиќ го привлече вниманието на „наративот“ дека помладите луѓе имаат поблага клиничка слика.
Според неговото верување, оние што се заразени поради тоа ја потценуваат опасноста од инфекција со вирусот, па затоа не ги повикуваат лекарите на време, туку кога веќе ќе видат „дека ѓаволот ја однел шегата“.