Српски инфектолог: Нема значителна разлика во клиничката слика помеѓу соевите на вирусот

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Претседателот на Здружението на заразни болести на Србија, Томислав Преведен, рече дека третата доза од вакцината против корона сигурно ќе биде неопходна и дека стручните тела во Србија треба да дадат сугестии кој треба да ја прими прв, која вакцина да ја користи и кога да се даде таа доза, пренесе „б92“.

„Во таа смисла, многу е важно граѓаните да им веруваат на институциите што ќе направат план за третата доза“, наведе инфектологот.

Тој, исто така, посочи дека нема значителна разлика во клиничката слика помеѓу соевите на вирусот од кои се заболеле заразените, особено меѓу хоспитализираните пациенти.

„Она што меѓутоа се забележува, е влијанието на вакцинацијата, односно, сега во болниците имаме работоспособно население, средовечни и помлади, додека порано имаше многу повеќе постари луѓе“, рече Преведен за „Данас“.

Тој истакна дека возрасната категорија на населението е претежно вакцинирана, така што вирусот првенствено ги погодува луѓето кои не ја примиле вакцината.

Слични содржини